Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јохан Тарчуловски, интензивно на терен ја промовира својата програма.
Во скратената верзија на неговата програма, Тарчуловски нуди проекти и решенија за младите, семејствата и пензионерите.
За семејствата, Тарчуловски нуди:
- Изградба на нови градинки
- Реконструкција, сансација и доопремување на училишта
- Училишни униформи
- Бесплатна градинка и дневен престој за еднородителски семејства
- Формирање на совет на родители со претставници од сите основни училишта и градинки, за пријавување и брзо решавање на сите тековни проблеми
- Стипендии за 100 те најдобри ученици
- Продолжен училишен престој под надзор
- Дневни центри за деца со посебни потреби
- Финансиска помош за новороденче
- Зазеленување на општината -изградба на нови паркови и хортикултурно уредување на новите и старите паркови
- Изградба на Мини паркови помеѓу зградите
- Изградба на парк за домашни миленици
Во неговата програма значаен дел завземаат и проектите за младите:
- Бесплатни обуки, курсеви и доквалификации
- Отварање на Деловно-Технолошки инкубатор
- Субвенционирање на иновативни проекти за отпочнување на свој бизнис.
- Финасиска подршка во период од 3 години за „старт-ап“ бизниси
- Регистар на компании и нивни потреби
- Регистар на невработени и нивни квалификации
- Посредување при вработување во компаниите од о. Кисела Вода
- Активирање на младински клубови
- Организирање на спортски и културни манифестации
- Субвенционирање на спортски клубови
- Фитнес реквизити на отворено во парковите
Тарчуловско има и проекти за старите лица:
- Активирање на пензионерските клубови
- Бесплатна телефонска линија за помош
- Волонтерска помош од младинските клубови за тешко болни и неподвижни пензионери кои живет сами, во извршување на секојдневните обврски
- Бесплатни екскурзии
- Бесплатен интернет во пензионерските клубови
- Бесплатни обуки за компјутери
- Изградба на пензионерски катчиња во парковите
- 11 октомври – ден на пензионерите
- Натпревар помеѓу пензионерските клубови во шах и др вештини со интересни награди за победниците
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно е на терен каде што на граѓаните им ја презентира својата програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тарчуловски: Пусти желби, како може Заев да амнестира кога нели судството е независно?
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
Детална програма на 58. „Охридско лето“
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!