Ерменскиот фудбалер, Хенрик Мхитарјан е подготвен за трансфер надвор од Манчестер Јунајтед откако стана јасно дека Жозе Мурињо повеќе не смета на неговите услуги. Според извешаите од Островот, клубовите кои сакаат да го видат Мхитаријан во своите редови ќе треба да се наддаваат почнувајќи од 35 милиони фунти, сума што „специјалниот“ ја смета за доволна за фудбалерот.
– Секој фудбалер има цена и доколку некој се согласи да ја плати, а играчот инсистира на заминување, јас нема да го држам сосила. Тоа беше случај со Депај и со Шнидерлин, ако се повтори со Мхитаријан, ако добиеме понуда што не се одбива, ќе дадеме зелено светло за трансфер, изјави Мурињо.
Ерменецот е во „војна“ со својот тренер уште од дербито со Челси на 5 ноември и веќе почна да ги разгледува опциите за продолжување на кариерата. Интер делува најзагреано за неговите услуги, а медиумите шпекулираат за размена со која Мурињо би го добил својот сонародник Жоао Марио во директна „трампа“ за Мхитарјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.