Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во четврток навечер пред министрите на Зоран Заев ќе ги презентира проблемите на општината. Според Бакрачески средбата ќе се одвива на барање на кабинетот на Заев, а е насловена како „Презентација на проблеми на општина Охрид пред министрите“.
Оваа средба претходно беше најавена од локални охридски медиуми за кои Заев претходно посочил дека при неодамнешната посета на Охрид, приватно се сретнал со Бакрачески и дека „во текот на јули ќе дојде до средба и старт на работата на работните групи формирани од општината и владата“. Според најавите „ќе се разгледаат потенцијални излезни решенија за најгорливите децениски проблеми кои ги има Охрид, колекторскиот систем и долгот“.
Се пренесува и изјава на Бакрачески во која тој вели дека „Кога станува збор за доброто на Охрид, немаме предрасуди да соработуваме со владата, во интерес на граѓаните и општите потреби на градот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.