| четврток, 6 декември 2018 |

15 илјади поддржувачи на Црвенковски ќе го бојкотираат Заев

Околу 15 илјади поддржувачи на Бранко Црвенковски што ја потпишаа иницијативата за негово останување на чело на СДСМ во иднина ќе ја бојкотираат работата на партијата.

Вкупно 29.000 члена на Социјалдемократскиот сојуз се потпишаа на списоците по општинските организации, а значителен процент од нив се незадоволни од изборот на Зоран Заев за нов претседател на најголемата опозициска партија, пишува Дневник.

Сите активности што СДСМ предводен од градоначалникот на Струмица ќе ги преземе во периодот што следува, велат од Иницијативниот одбор што работеше на останување на Црвенковски, нема да бидат поддржани од партиските активисти. Активните членови што се вредни теренци, велат од Одборот, сега ќе го пасивизираат своето дејствување во СДСМ и тоа во иднина може да го стави под знак прашалник опозициското дејствување на политичката сцена. Целиот процес со потписите почна по информацијата дека Црвенковски ја напушта партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top