Во петокот во Архиви дела Мизерикордија, Венеција се отвори самостојната изложа на Мице Јанкуловски „ФОРМИ“ сликарство, курирана од големиот венецијански куратор и историчар на уметност Енцо ди Мартино.
Јанкуловски се претстави со големи формати слики на платно од неговите циклуси Форми 1 и Форми 3. Многубројната публика од професионалци (претставници од Венцијанското Биенале, Гуганхејм музејот во Венеција и др.) и почитувачи на уметноста имаа можност да уживаат во несекојдневната изложба.
Изложбата ќе трае до 30 јули 2017.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.