| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Им благодарам на тренерот и управата за укажаната доверба

Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, пред една седмица го продолжи договорот со тимот на Џенова на уште една година. Струмичанецот доби неколку примамливи понуди од Индија, Кина и неколку европски клуба, но сакаше кариерата да ја продолжи во Италија, што беше пресудно за новиот договор со тимот од Џенова.

Тој на вчерашното официјално претставување на новите фудбалери, истакна дека сака да им за заблагодари на тренерот и управата за укажаната доверба и најави уште подобра сезона.

– Сакам да им се заблагодарам на тренерот и на управата. Се надевам дека ќе одиграме одлична сезона како што игравме на почетокот на минатата сезона. Но, подоцна застанавме. Оваа година ќе се забавуваме и ќе доживееме многу сатисфакции – рече Пандев.

Минатата сезона Пандев имаше лош старт, но во финишот, поточно во клучните моменти од сезона одигра неколку одлични партии, постигна и четири гола кои ѝ помогнаа на екипата на остане во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top