| четврток, 6 декември 2018 |

Веритас: Жерновски лаже дека нема да ја урне црквата

Граѓанската иницијатива „Веритас“ е згрозена од безобразните лаги кои што во обид да се испере од срамот „уривање црква”, Жерновски ги шири пред јавноста, се вели во соопштението на Веритас.

–       Кога тој вели дека црквата нема да се урива, јавноста треба да знае дека тој лаже. Имено, Жерновски инсистира противзаконски и противуставно да се укине ДУП-от во која е предвидена црквата „Св. Елена и Константин“ и да се врати во правна сила стариот ДУП во кој што црквата не е предвидена. Бидејќи во стариот ДУП ја нема предвидено црквата, по неговото усвојување таа ќе се третира како дивоградба и ќе биде срушена, се наведува во соопштението, со кое здружението ја приложи и предлог одлуката на Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top