| четврток, 6 декември 2018 |

Паскал Гилевски препеа десет унгарски поети на дваесеттиот век

Во издание на Матица македонскa“ од Скопје, излезе од печат книгата Десет унгарски поети  на дваесетиот век, во избор и препев на Паскал Гилевски.

На страниците од ова антологиско издание застапени се стихови од класиците на унгарската поезија: Андре Ади (1877-1919), Михај Бабич (1883-1941), Деже Костолањи (1885-1936), Атила Јожеф(1905-1937), Миклош Радноти (1909-1944), Леринц Сабо (1900-1957), Ѓула Илјеш (1902-1983), Шандор Вереш (1913-1989). Ласло Наѓ (1925-1978) и Ференц Јухас  (1928 – 2015).

Со препевот на стиховите  од најзначајните унгарски поети на дваесетиот век, писателот и преведувач Паскал Гилевски ја продолжува востановената традиција за достојно одбележување на знаменитите творци на литературата.

-Публикувањето на македонски јазик на делата на репрезентите на унгарската поезија, говори и за неговото чувство за градење пријателство и за трајно приближување на возбудливите пораки на поетите од светски глас, пишува Раде Силјан во препораката на изданието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top