Македонската женска кошаркарска репрезентација стартуваше со победа над Португалија со 60-56, на претквалификацискиот турнир кој се игра во Израел.
Девојките во „црвено-жолти“ дресови беа подобар противник од Португалките во текот на целата средба, водеа и со 15 поени разлика, но на крајот се опуштија и можеа да ја прокоцкаат победа. Противничките во последните две минути направија серија од 11-2, но за среќа немаше време за пресврт.
Најефикасна во нашите редови беше Славица Димовски со 19 поени, а одлично одигра и Моника Гавриловска со 14 поени и 13 скока. Елена Раденковиќ истотака имаше забележителен учинок од 12 поени и девет скока. Тантуровска го заврши натпреварот со 8 поени и 7 скока, а нешто послабо одигра Криси Гивенс со постигнати 5 поени.
Во противничкиот табор најдобра беше Фреитас со 14 постигнати поени.
На премиерниот натпревар од нашата група домаќинот Израел ја совлада Германија со 68-57. Само првопласираната репрезентација од претквалификациската група ги продолжува натпреварите во квалификациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


