| четврток, 6 декември 2018 |

Натали и Петар допатуваа од Австралија за да се венчаат во Охрид

Младите Натали и Петар овој викенд ќе го имаат својот најголем ден во нивните животи. Тие допатуваа од далечната Австралија за тука, крај брегот на Охридското езеро да ја реализираат својата свадбена церемонија. Петар Ристевски по потекло е од Битола но долго време живее и работи во Австралија а до неодамна беше и заменик градоначалник на Ливерпул. Младата Натали Џајга по мајка е Англичанка  а по татко Германка. Но, работната професија иако од различни сфери, успеала да ги спои овие двајца млади, кои како што велат тоа било љубов на прв поглед.

Натали работи како полицаец во Сиднеј каде што и живеат, додека пак Петар на една журка со пријатели малку кренале повеќе врева, па соседите повикале полиција.

-На една моја журка со пријателите, од страна на повикот од полицијата дојде токму Натали, со која се запознавме и тоа навистина беше љубов на прв поглед. Додека останатите од полицијата запишуваа ние се запознавме и јас потоа ја пронајдов Натали на социјалните мрежи, каде што и испратив неколку пораки и тоа беше доволно за да се зближиме и еве по една година да ја реализираме нашата свадба, вели Петар.

Натали е вљубена во Македонија, како што вели и самата целата земја е прекрасна и секое место е посебно.

-Најдобро место е Охрид. Ми се допаѓа местото, храната, целата држава. Сега после ова посакувам уште почесто да доаѓам тука во Македонија пред се во Охрид, вели Натали.

Натали не го криеше податокот да открие дека на свадбената церемонија ќе носи креација од Галија  Лаха, италијански дизајнер. Прекрасен фустан како што рече кој чини доста.

-Свадбената церемонија ќе биде најпрво во црквата Света Богородица во Калишта, во непосредна близина на хотелот Изгрев. Ќе не венча Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан . ќе имаме локална музика, групата Џуниор од Битола, Марјан Коцев и Благојче Стојановски Туше, вели Петар.

Посебно воодушевува фактот што Натали е веќе од неодамна христијанка.

-Пред една недела бевме во Манастирот Св.Јован Бигорски и се прекрстив, да бидам верник по македонската православна црква. Па веќе ги прифаќам со тоа сите ваши традиции, вели Натали, додавајќи дека тоа се реализирало преку Монархот Партениј од овој манастир.

Натали веќе знае да каже “Добро утро”, “Добро вечер”, како и да избори до 10 што е навистина за пофалба за толку краток период и неколку пати доаѓање во Македонија.

По нивната свадба тие на меден месец ќе одат Санторини на неколку денови а веднаш потоа се враќаат назад во Австралија. Но сепак како што истакна Натали, Македонија за неа е број еден дестинација за одмор, при што на големо ќе ја препорачува на секој пријател во Австралија.

 

извор:естрадаплус.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top