| четврток, 6 декември 2018 |

Ако му се верува на Мурињо, Ибрахимовиќ доаѓа во Скопје

Токму таа повреда ги убеди „црвените ѓаволи" да ја прекинат соработката со Златан Ибрахимовиќ, но како што во овој момент стојат работите, популарниот Ибракадабра може да игра и следната сезона во Манчестер (Ј). Сето тоа го најави и Мурињо

По завршувањето на сезоната во Премиер лигата, се појави информација дека премиерлигашот Манчестер Јунајтед го ослободува Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ од обврските во клубот, и дека тој следната сезона ќе игра во друг клуб.

Златан имаше фантастична сезона во дресот на „црвените ѓаволи“, постигна на 30 погодоци на 60 натпревари, но поради тешка повреда на коленото, тој не ја заврши сезоната во посакуваниот стил, па тоа го одалечи од терените.

Токму таа повреда ги убеди „црвените ѓаволи” да ја прекинат соработката со Златан Ибрахимовиќ, но како што во овој момент стојат работите, популарниот Ибракадабра може да игра и следната сезона во Манчестер (Ј). Сето тоа го најави и Мурињо.

Можно е Ибрахимовиќ да добие нов договор. Вратите за него се секогаш отворени. Тој не е среќен со начинот на кој ја заврши минатата сезона, констатира Португалецот.

Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ дојде бесплатно, и тој трансфер максимално им се исплати, со оглед на тоа дека клубот освои три трофеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top