Најдобриот играч на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ секогаш потенцирал дека има многу високо мислење самиот за себе
Тоа го покажа уште еднаш, по дуелот на англискиот гигант против Андерлехт, во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Шведскиот голгетер вели дека, иако игра во второто по ранг натпреварување на УЕФА, кога тој е на теренот, се добива посебна тежина.
„Кога јас ќе стапнам на теренот, тогаш и Лигата на Европа се претвора во Лига на шампиони“, рече Ибрахимовиќ.
Голгетерот сезонава даде 28 погодоци за Манчестер и е еден од најзаслужните што тимот има шанса да се бори за уште еден трофеј. Актуелниот договор му е до крајот на сезоната, а од Манчестер веднаш му понудија уште една година останување на „Олд Трафорд“. Засега, популарниот Ибра нема решено дали ќе остане во манчестер или во следната сезона ќе игра за друга екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.