| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на сезоната, но и на кариерата: Интер и Милан со поддршка до Ибрахимовиќ (ФОТО)

Интер и Милан испратија охрабрувачки пораки до Златан Ибрахимовиќ откако се појавија информации дека напаѓачот би можел да биде надвор од терените до 2018.

Швеѓанецот во четвртокот заработи повреда на коленото на дуелот со Андерлехт во Лига Европа.

Во исчекување на деталните тестови, во Италија се појавија гласини за страшна повреда на Златан Ибрахимовиќ.

Се zboruva дека напаѓачот го оштетил средниот вкрстен лигамент и задниот вкрстен лигамент, и го чека пауза од осум до девет месец.

Со ваква прогноза, Златан Ибрахимовиќ би се вратил на терените дури на стартот од 2018, па со оглед на тоа дека играчот веќе има 35 години, многумина стравуваат дека оваа повреда би можела да стави крај на неговата кариера.

По ваквите информации, Интер и Милан, два клуба за кој настапуваше „Ибракадабра“, испратија охрабрувачки пораки до фудбалерот.

„Вистински победници како тебе никогаш не се откажуваат! Форца Ибрахимовиќ” – гласеше пораката на „Нероаѕурите“ на Твитер.


„Еднаш борец, секогаш борец! Оздрави и врати се брзо Ибрахимовиќ” – гласеше пораката на „Росонерите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top