Владата на Зоран Заев продолжува да ги потценува граѓаните и уверена дека имаат кокошкин мозок, презема популистички чекори со кои сака да им се допадне и да ја продобие нивната наклоност. Сепак, граѓаните на оваа држава, особено верниците, не се со кусо помнење, па добро се сеќават на реториката што ја користеше СДСМ за црквата пред да ја преземе власта.
Премиерот Зоран Заев и новата влада ветиле целосна поддршка на Македонската православна црква-Охридска Архиепиекопија за сите отворени прашања што таа ги има со државата, е еден од заклучоците на средба на која покрај Заев присуствувале и министрите за внатрешни работи, за образование и за култура, Оливер Спасовски, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски, а како претставници на МПЦ-ОА и членови на Синодот на МПЦ-ОА, на чело со Архиепископот Стефан, биле и митрополитите на Дебарско-кичевската епархија, Струмичката епархија и епископот Хераклејски, г.Тимотеј, г.Наум и г.Климент.
Истиот овој Алаѓозовски, кој денеска од позиција на министер ветува поддршка на МПЦ-ОА пред само една година поинаку твитуваше. Ако не се сеќава, има кој да го потсети.
Нивото на лицемерните министри на @Zoran_Zaev .@RobAlag го праша ли дедо Стефан дали е Са…таната? pic.twitter.com/PdZxFVqoeh
— Н. (@VtoriMakedonski) July 15, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.