Одмаздата во случајот на оваа позната дама се служи ладна. Светскиот топ модел Наоми Кембл си најде ново момче. Тоа не би било чудно доколку само пред неколку недели Ријана не ја обелодени врската со Хасан Џамил. Хасан своевремено се забавуваше со Наоми, ама откако ја остави започна врска со Ријана.
Но Наоми си најде нов маж.Како што тврдат медиумите станува збор за египетскиот милионер Луис Камилери, инаку сопственик на тутунска индустрија и директор на Ферари.
Тие наводно се запознале на трки на формула еден, а љубовта ја започнале на забавата по повод тоа.Луис е побогат од Наоми, но и постар.Има 61 година, додека Наоми има 47.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.