| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за двојното убиство: Го задавил својот син на гробиштата, па 50 пати ја избол поранешната сопруга

Марко Николиќ во средата изврши двојно убиство во Белград, кога им пресудил на својот 4-годишен син и на неговата поранешна сопруга Маја Ѓ.. Како што јавија медиумите од соседството, повикувајќи се на полициски извори, тој злосторството го започнал на градските гробишта Бањица во Белград, каде го давел безпомошното дете кое изгубило свест. Монструозниот чин му претходел на предавањето на детето на неговата мајка, од која Николиќ бил разведен, па минувал секоја среда по еден час со него.

– Онесвестеното дете го земал во својата кола и без да му помогне, го одвел во Центарот за социјална работа во Белград каде што вообичаено го предавал детето на неговата мајка. Тој кога пристигнал таму, детето го носел в раце, па и го фрлил пред нозете на неговата мајка, која се обидела да му помогне. Веднаш потоа ја нападнал и неа со нож со кој ја избол повеќе од 50 пати. Дел од персоналот кои се нашле таму за време на нападот исто така се здобиле со по неколку расекотини пред да усепат да го совладаат напаѓачот, изјавиле за српски Курир извори од истрагата.

Како што покажала биопсијата, детето имало скршеница на черепот и на карличната коска кои веројатно ги добил како неговиот татко го фрлил онесвестено на земјата. Убиецот најверојатно страдал од психичко растројство, а претходно на неколку пати се заканувал дека ќе ја убие неговата поранешна сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top