Може ли да претпоставите кој е овој македонски фудбалски репрезентативец на фотографијата, кој слободното време го користи да биде дел од недопрената природна убавина?
Додека останатите негови соиграчи го користат одморот за уживање на Ибица или некои други егзотични туристички дестинации, тој се одлучи одморот да го искористи да освојува врвови…
Овој пат чувствувајќи ја убавината на највисоката јапонска планина – Фуџијама (со највисок врв 3776 метри), која се наоѓа на 100 километри југозападно од Токио. Давид Бабунски, членот на јапонската Јокохама, кој и самиот во својот пост потенцира дека не може до крај да се изнаужива во природните богатства на островската Јапонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.