| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа тајфун, откажани над 100 летови во Јапонија: По поплавите и топлотниот бран нова непогода

Над 100 летови се откажани во Јапонија поради тајфунот кој се очекува да стигне на јапонско тло вечерва или рано наутро во недела.

Тајфинот Јонгдари ќе донесе, како што соопштија метеоролозите, силни дождови на островот Хоншу со околу 400 мм води во подрајчето на Токио, во период од 24 часа, до пладне во недела, пренесе агенцијата Ројтерс.

Регионите на западот на Јапонија се опоравуваат од поплавите и одроните во кои над 200 луѓе го загубија животот од почетокот на јули, а на жителите сега им се советува да бидат подготвени за евакуација поради најавените дождови.

Јапонија во јули беше погодена со низа временски неприлика, од врнежи и поплави, до топлотен бран во кој температурите стигнаа и до 41, 1 степен Целзиусов и во кој најмалку 80 лица починаа, а над 20.000 побараа помош во болниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top