| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци ќе го спасуваат рускиот ракомет

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко на денешната седница на Извршниот комитет на Руската ракометна федерација поставен за нов координатор машките ракометни репрезентации на Русија.

Одлуката за поставување на Самсоненко за главен координатор лично ја пренесе претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев.

– Ракометната федерација на Русија го одобри моето барање за поставување на Самсоненко за заменик претседател на кординаторот на машките ракометните репрезентации. Тој е многу добар и почитуван човек во светот на ракометот. Оваа сезона ја покажа својата улога на менаџер, а тоа го потврдуваат резултатите на Вардар како во машка така и во женска конкуренција – изјави Шишкарев.

Воедно на истата седница беше одлучено директорот на Вардар, Едуард Кокшаров да биде именуван за нов селектор на репрезентацијата на Русија.

Со поставувањето на Самсоненко и Кокшарев на раководни функции во рускиот ракомет, од ракометниот сојуз очекуваат враќање на Русија на голема сцена, по лошите резултати во квалификациите за ЕП во Хрватска и бркање на пласман на Олимписките игри во Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top