| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски и Трајковски тргнаа со подготовките на Палермо

Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски ги почнаа подготовките со својот тим Палермо, кој во новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б. Плановите се тимот од Сицилија експресно да се врати во елитата, а тука треба видна улога да одиграат токму македонските интернационалци.

Несторгол се појави во кампот на Палермо, но од друга страна италијанските медиуми најавуваат дека Фиорентина е сериозно заинтересирана за негов ангажман. Трансферот треба да се случи откако Никола Калиниќ ќе ги напушти „виолетовите“, а се наоѓа во плановите на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top