| четврток, 6 декември 2018 |

Реванш со Шпанија за формално простување од настап на СП

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во 19 часот против Шпанија ќе го игра реваншниот дуел од баражот за пласман на СП 2013 во Србија. Мечот е само формалност по поразот од 21-27, пред неполна седмица во СРЦ „Кале“, и секако со оглед на квалитетот на противникот. Треба да се случи чудо за Македонија да патува на СП.

Шпанките важат за огромни фаворити и на реваншот на домашен терен, додека на избраничките на Гино Стрезовски е во овој меч без преголем притисок да покажат дека иднината на женскиот репрезентативен ракомет во Македонија воопшто не е толку црна. Проблем претставува повредата на Мирјета Бајрамовска, чие отсуство сериозно се почувствува и на првиот меч во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top