| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено судењето за “Диво Насеље”

Рочиштето кое денеска требаше да се одржи за случајот „Диво Насеље” е одложено. Како што јавија дел од домашните медиуми, рочиштето најверојатно е презакажано за 20 овој месец.

Во воорушениот судир во Дивата населба во Куманово, животите ги загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои беа одликувани со медал за храброст.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top