| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено судењето за 27 април

Обвинетиот Мунир Пепиќ не се појавил на денешното судење за настаните на 27 април и поради тоа беше одложено денешното рочиште за случајот на кое требаше да бидат презентирани материјални докази на прво и второобвинетите – пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

Како што наведе судијката Добрила Кацарска, причина за отсуството на Пепиќ е рочиштето за случајот „Титаник“, кое денеска е закажано во исто време како и судењето за 27 април.

-Со оглед дека обвинетиот Мунир Пепиќ се наоѓа во друга судница, истиот не е спроведен тука, иако термините за овој случај се закажани уште во септември. Поради некоординираност во судот се случи во ист ден, во ист термин, да се суди и друг предмет, каде како обвинет се наоѓа Мунир Пепиќ, а тоа е предметот познат во јавноста како ‘Титаник’ – рече Кацарска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top