Тренерот на РК Металург, Хрватот Лино Червар го продолжи договорот со клубот уште четири години.
По средбата со главниот спонзор на клубот, Минчо Јорданов, е констатирано дека проектот за европски ракометен клуб од нашата држава продолжува.
Секако дека ќе бидат ангажирани и странски играчи кои се вистински професионалци и пример за помладите играчи врз кои ќе се базира играта на клубот во следните години. Со продолжувањето на договорите на Миркуловски и Мојсовски, шанса за ракометна афирмација ќе добијат и млади и талентирани играчи од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


