Во рамните на манифестацијата „Скопско лето“ утре (11 јули) ќе се одржи промоција на книгата „Скопски легенди“ на Данило Коцевски. Издавач на книгата е Дирекцијата за култура и уметност, а делото содржи ексклузивни текстови на еден од најголемите хроничари на Скопје.
Промоцијата ќе се одржи во Музеј на град Скопје со почеток во 20 часот, а промотори се: Д-р Проф. Љубинка Босотова и Д-р Проф. Наташа Аврамовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.