| четврток, 6 декември 2018 |

Челси ја засили одбраната: Германецот Рудигер пет години на „Стенфорд бриџ“

Она што веќе скоро еден месец се најавуваше, трансферот на централниот дефанзивец Антониот Рудигер во Челси, денес беше и официјално потврдено. Германскиот стопер пристигнува во Лондон од тимот на Рома која за него ќе имкасира солидни 38 милиони евра.

– Прекрасно е чувството да се стане дел од еден ваков голем клуб. Горд сум што официјално станувам член на Челси и со нетрпение очекувам да ги запознам своите нови соиграчи, изјави германскиот интернационалец.

Според пишувањата на спортските весници во Англија, следен во редот засилувања во тимот на Конте е дефанзивниот играч за врска, Бакајоко од Монако кој исто така веќе подолго време се поврзува со тимот на ЧЕлси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top