Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја забележа и третата победа на неофицијалното Светско тениско првенство, Вимблдон. Некогашниот прв рекет на светот, за нешто повеќе од два часа славеше лесна победа над Ернест Гулбис од Латвија и обезбеди осминафинале на овој Грен слем.
589. тенисер на светот, кој пред неколку години беше еден од најголемите тениски надежи, немаше сила за уште едно изненадување во Лондон. Латвиецот во второто коло сензационално го совлада големиот фаворит, Хуан Мартин дел Потро, но денес наиде на екстра расположениот Ѓоковиќ , кој едноставно беше непогрешлив.
Почетокот на првиот сет најави неизвесен тенис, Гулбис прв освои гем на сервис на противникот, но Ноле во клучните моменти возврати со два брејка и поведе со 1-0 во сетови (6-4). Вториот сет ни донесе тотална доминација на Ноле, која беше крунисана со два брзи брејка за 6-1, додека во третиот Гулбис заигра далеку поквалитетен тенис, но беше немоќен во тај-брејкот (7-6/2)
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Фрранцузинот Манарино, кој славеше голема победа над сонародинот Гаел Монфилс со 3-2 во сетови откако при негатива од 1-2, успеа да направи пресврт.
Во останатите натпревари Раониќ со максимални 3-0 славеше над Рамос, а со ист резултат во осминафиналето се пласираа и Томаш Бердих и Александар Зверев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.