| четврток, 6 декември 2018 |

Најавија штедење, а Заев нарачува октоподи и морски плодови

Иако на цела уста најавија „кратења на трошоци“ и крај на „непотребни задолжувања“, а без никакво образложение во владата ги вдомија оние кои беспоштедно плукаа за преголема администрација и партизација, денеска тимот на Заев објави оглас за набавка на храна на Илинденска.
Според објавеното, тимот на Заев ќе се гоштева со октоподи и морска храна.

Всушност, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за набавка на свежа риба, замрзната риба и октопод и морски плодови. Според објавата на Електронскиот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 400.000 денари.
Според реакциите на социјалните мрежи, секогаш кога социјалдемократите ќе влезат на Илинденска, адресата се поврзува со „октопод“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top