| четврток, 6 декември 2018 |

Северина победи-процесот за старателство вратен е на почеток!

Привремената мерка со која е одлучено малолетниот Александар да живее една недела дена со својата мајка Северина, а втора со таткото, бизнисменот Милан Поповиќ, е укината.

Според српските медиуми, одлуката предвидувала во јули и август, момчето да мине само една недела кај својата мајка, а останатите, да биде кај таткото.

Жалбата на пејачката била прифатена во судот во Сплит, а одлуката ја потврдил и портпаролот на судот кој изјавил дека одлуката кај нив е донесена, но предметот е вратен во Општинскиот граѓански суд во Загреб.

Во меѓувреме, Северина се огласи и на Инстаграм со пораката:Кога одев пешки во средното музичко училиште Јосип Хатце, неа ја сретнував секој ден. Таа беше мојата пријателка, сојузничка, таа се вика Божица на правдата. Ти благодарам. Благодарам на сите молитви на луѓето!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top