И по две недели откако Александар Николоски помина пред собраниската Комисија за надворешни работи, но и по политички мотивираната најава од власта дека ќе ја блокираат неговата функција Амбасадор и шеф на македонската мисија во ЕУ, нема промени, иако Николовски побара усогласување на ставовите. Македонија е во исклучително чуствителен период за своите евроинтеграции, секој ден без Амбасадор и Шеф на мисија во Брисел е огромна ненадоместлива штета за нашата држава. Тој денеска посочува дека не прифаќа дека „политичките мотиви се причина да не се почитуваат Уставот и законите“, и дека тоа е најдобар начин Македонија да го загрози својот евроинтегративен пат.
Почитувани,
Поминаа повеќе од 2 недели од преставувањето на моите тези пред Комисијата за надворешни работи на Собранието и реакциите на Владата дека од политички причини имаат намера да го блокираат моето поставување за Амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ. Иако повикав на координација и усогласување помеѓу клучните државни институции надлежни за надворешна политика, сепак до денес нема промена на однесувањето на Владата на Република Македонија по однос на ова прашање. Со цел да го заштитиме угледот на Република Македонија во Брисел сеуште сметам дека сите одговори лежат во Уставот и Законот за надворешни работи чие почитување нема алтернатива. Неможам да го прифатам аргументот дека политичките мотиви се причина да не се почитуваат Уставот и законите. Тоа е најдобар начин Македонија да го загрози својот евроинтегративен пат.
Отука би сакал да укажам на следниве правни аспекти:1. Согласно членовите 37 и 38 од Законот за надворешни работи, а врз основа на надлежностите кои произлегуваат од Уставот во делот на надворешната политика, Владата и Претседателот на Република Македонија постигаа усогласенот околу моето именување по што беше побаран агреман од Европската Унија
2. Европската Унија на 11 Ноември 2016г издаде агреман
3. Согласно член 39 од Законот за надворешни по добивањето на агреманот започнаа и успешно завршија подготовките за преземање на должноста. Согласно ставот 1 од истиот член подготовките се сметаат завршени со завршниот разговор во МНР, што исто така беше направено, по што МНР го извести Собранието и побара да се презентираат завршните согледувања пред Комисијата за надворешни. На знаење на целата јавност и тоа беше направено.
4. По завршувањето на целата оваа процедура согласно член 40 од Законот, Претседателот потпишува указ, а потоа и акредитивно писмо кое го парафира Министерот за надворешни.
Во интерес на јавноста ги ставам на увид агреманите, како и писмото на МНР до Собранието со кое известува дека подготовките се завршени.Би сакал да замолам во најкус можен рок Владата да ги заврши формалностите, а тоа е формално да го извести Претседателот на Република Македонија дека подготовките се завршени со цел истиот да може да го потпише указот, а потоа заедно со Министерот да ги потпишат и акредитивните писма, како во најкус можен рок би можел да ја преземам должноста.
Македонија е во исклучително чуствителен период за своите евроинтеграции, секој ден без Амбасадор и Шеф на мисија во Брисел е огромна ненадоместлива штета за нашата држава. А, во однос на политичките ставови само два коментари- сметам дека моето долгогодишно политичко искуство е плус, а не минус, бројните контакти и пријателства со европски политичари ќе помогнат на Македонија и секако аргументот дека Владата сака да постави политички близок човек од доверба на таа позиција укажува на желбата за еднопартиски пристап во надворешните работи што е суштински спротивен на секојдневните повици за консензус и дијалог за надворешнополитички приоритети.
Тука се поставува и клучното прашање- што ако Владата се промени за 6 месеци или една година, или едноставно има пократок мандат од 4 години, ќе менува ли Македонија амбасадори во Брисел со секоја промена на Влада? Каква тогаш ќе биде сликата за нас како држава, каква сериозност ќе преставиме? Каков углед ќе имаме? Ако Македонија во ЕУ е наша заедничка цел, мудрите државни одлуки не смеат да го отстапат местото на дневната политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестна нота за унгарскиот амбасадор во Македонија
-
Бучковски: Голем предизвик е да се биде амбасадор во САД, но не сум разговарал ниту со премиерот, ниту со Димитров
-
Баздникин: Факт е дека референдумот во Македонија е неважечки(видео)
-
Николоски: Исходот на референдумот е дефиниран од Законот, а не од толкувањето на власта