Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 134. место на рејтинг листата на ФИФА според рангирањето за месец јули. Нашата селекција е во друштво на Латвија, Тајланд, Свазиленд и Виетнам, кои се наоѓаат по 130. место. Сепак, паѓа в очи скокот на селекцијата на Андора која е на 129. место (пет места пред Македонија), откако во квалификациите за Светското првенство во Русија ја победи Унгарија со 1-0.
За македонската репрезентација ова е скок од две места по 136. позиција минатиот месец.
На врвот на листата се искачи Германија по освоениот Куп на Конфедерации, пред Бразил и Аргентина. Меѓу првите десет селекции се уште Португалија, Швајцарија, Полска, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.