Во Лесковац, Република Србија, се одржа деветнаесеттата „Балканска смотра на млади стрип автори“ („Балканска смотра младих стрип аутора“). Овој настан е еден од најмасовните и најпосетуваните настани во рамките на стрип уметноста во југозападна Европа. Оваа „смотра“ успеа да постави нов рекорд со учество од 2760 стрип автори од вкупно 54 земји од сите континенти.
Како претставници на Македонија беа присутни стрип авторите: Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Никола Темков, Игор Јовчески, Јован Секуловски и Златко Крстески. Манифестацијата беше отворена со трибината за состојбата на македонската стрип сцена и промовирање на изданијата на издавачката куќа „Стрип квадрат“ од страна на сопствениците Јовчески и Темков и авторите Коцевски и Богданов, кои го промовираа своето дело „Витези од соседството“ издадено од претходно споменатиот издавач.
Тоа што посебно треба да се истакне за годинашната „смотра“ е дека во рамките на натпреварувачкиот дел наменет за автори до 30 години наградата за најдобар дебитант ја понесе токму македонски автор, Јасна Николова од Скопје.
извор: Публицитет.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.