| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен конкурс за интернационалниот стрип натпревар

Стрип центар на Македонија со седиште во Велес го објави јавниот конкурс за интернационалниот стрип натпревар, којшто се организира во склоп на 14-тиот Интернационален стрип салон „Велес 2016“.

Интернационалниот стрип салон во Велес , другите интернационални проекти но и издавачки активности на СЦМ -Велес, имаат клучно влијание за стимулирање на македонската стрип сцена.

– На изминатиот, стрип салон во 2015 година беа пристигнати рекордни 228 дела од 42 земји ширум светот. Споредбено со други сродни активности, посебно од регионот, тоа претставува солидна цифра бидејки овој салон е наменет само за стрип. Освен квантитетот на добиени стрипови од странство интензивно се зголемува и интересот мегу македонската стрип сцена. Постојано се појавуваат нови имиња коишто го бараат своето место под „македонското стрип небо“. Посебно се зголемува соработката со училиштата и културни асоцијации од сите средини на Македонија, информираат од Стрип салонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top