Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес отпечати книги со тврд повез наменети за македонскиот и за пазарите на соседни држави. Објавени се: „Итар Пејо“, втора книга, од Диме Иванов Димано, „Цар Гаврило Радомир“ од Миле Топуз, детскиот стрип „Убавите нешта“ од Раде Дичоски и „Зад црното сонце“ на српскиот автор Срѓан Николиќ-Пека.
Ване Трајков, извршен директор на Стрип центарот на Македонија-Велес, информираше дека објавените книги се на различни теми – историска приказна, детска приказна, трилер и стрип со тема од македонската традиција.
Минатата година издадовме стрип-книга на албански јазик – првпат во Македонија. Годинава продолжуваме со издавање стрип-книга на српски, во случајов на Срѓан Николиќ Пека, кој е голем пријател на македонската стрип-сцена и победник на последниот интернационален стрип натпревар во склоп на интернационалниот стрип салон во Велес, изјави Трајков.
Во стрипот за царот Гаврило Радомир сместени се и стриповите за Ѓорѓи Војтех, Добромир Хрс и Стрез, господарот на Просек. Дизајнот е на штипјанецот Александар Стеванов, кој ги изработи на високопрофесионално и естетско ниво.
– За жал, стрип-културата во Македонија има се уште малку публика. Факт е дека Македонците сакаат да читаат стрип, ама не сакаат да го купуваат. Министерството за култура од пред неколку години почна повеќе да издвојува за издавање на мноштво изданија од деветтата уметност. Тоа не може да се каже за приватниот сектор којшто се уште не го помага стрипот во Македонија, додаде Трајков.
Четирите стрип-книги може да се набават кај издавачот во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложба на стрип „Вршац-Панчево-Скопје“ вечерва во Музеј на град Скопје
-
Владимир Весовиќ и Зоран Стефановиќ-специјални гости на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2017“
-
Македонски стрип автори на „Балканска смотра на млади стрип“ автори во Лесковац
-
Објавен конкурс за интернационалниот стрип натпревар