Многу наши псевдоинтелектуалци закрмени со парите на антимакедонските центри на моќ, во целата своја ступидност и омраза си дозволија да ја легитимираат својата глупост и непознавање на историските процеси со фриволни и непрецизни, дури и хипертрофирани искази и тези за фашизмот, кој еве зацарил со политичкиот систем во Република Македонија уште од 2006 година кога актуелната политичка гарнитура се воспостави како водечка сила во државата. Вакви надреалистички балони полни со етерична но делотворна омраза досега остануваат невидени на тлото на Европа, уште од падот на железната завеса. Затоа сите овие квазилевичари и НГО платеници, ако не на психијатриски третман, тогаш би било добро да почнат со елементарни курсеви по историја и политикологија за да го коригираат својот речиси идиотски светоглед на политиката. Но, тие како да уживаат во постојаната игноранција која им годи како некаква ментална терапија по системот што поглупаво и позлобно толку послатко. Впрочем, парите што доаѓаат за нивните ступидни и деструктивни ставови наспроти интересите на татковината се онаа чудесна магија што им го засладува животот наспроти предавничките аури кои се шират наоколу и им ја загадуваат животната мотивација на сите здраворазумни луѓе со јасни морални погледи на светот.
Но, да им објасниме нешто за феноменот на фашизмот и неговата генеза во одредени делови на Европа во првата половина на 20 век сѐ до неговиот историски пораз во 1943 година, а, дефинитивно, во 1945 година. Наспроти непрецизната употреба на зборот фашизам со кој се поистоветуваат клучните држави во сојузот на „силите на оската“ – нацистичка Германија, милитаристичка Јапонија, фашистичка Италија со водачот „Дуче“ е единствената држава која прецизно и адекватно може да го понесе атрибутот „фашистичка“. Тука има многу битни разлики меѓу овие три системи и стратегии на политичко делување. Иако терминот „фашистички“ треба да оцрни некој тоталитаристички режим до најдолни нивоа, парадоксално, но вистинито, самиот фашизам воспоставен во Италија уште во 1922 година од водачот Бенито Мусолини беше најмек и најтолерантен во однос на германскиот нацизам под водство на Хитлер и јапонскиот империјален милитаризам предводен од царот Хирохито и воената елита на Јапонија. Можеби во сето тоа битна ролја играла традицијата и менталитетот во овие земји, но историјата секогаш се воспоставува како постфестум анализа на општествено-политичките збиднувања. Предводникот на фашистите во Италија, Бенито Мусолини во почетокот на неговата политичка кариера, која ја почна како новинар, беше задоен од социјалистичките идеи и беше голем поклоник на Октомвриската револуција во Русија и секако врел обожавател на ликот и делото на Владимир Илич Ленин. Потоа тој, Мусолини, еволуираше во националист, кој повеќе беше инспириран од древниот сјај на Римската империја и ја вознесе идејата за обновување на оваа медитеранска моќ, овој пат низ потенцијалите на италијанската нација и држава. Фашистите (во превод fasci или снопче) се групираа во милитаристички сојузи делувајќи повеќе парадерски отколку насилно, а нивната авангарда беше препознатлива по црните кошули кои станаа еден вид униформи за најфанатичните следбеници на Дуче. Тие се пресметуваа со своите политички противници по улиците и други јавни и тајни места, но овие пресметки никогаш не добија така голема и масовна магнитуда како оние што ги практикуваа прво болшевиците во Русија (подоцна СССР), а потоа германските нацисти со сите оние погроми во логорите на смртта. Затоа е смешна споредбата за леталните ефекти на фашизмот со болшевиците и нацистите и нивниот злосторнички ефект во историски контекст. Понатаму фашизмот, иако со јака националистичка аура, никогаш не покажа некоја силна инклинација кон расизмот, како германскиот нацизам или јапонскиот милитаризам. Евреите во Италија практично не беа прогонувани и депортирани сѐ до 1943 година, кога и капитулираше фашистичка Италија. Патем фашистичка Италија ги изгуби речиси сите воени кампањи што ги почна уште од 1936 година во Абисинија кога технолошки заостанатите Етиопјани ја принудија италијанската армада на повлекување и пораз. Тоа говори за еден немилитаристички менталитет на италијанската нација и затоа фашизмот на моменти дејствува пародично и гротескно. На културен план, Бенито Мусолини и фашистите никогаш не спроведоа темелни чистки на разните пројави во естетиката, како што тоа беше правено во другите тоталитаристички режими на големите сили од тоа време како СССР, Германија и Јапонија, каде што целиот модернистички дискурс во творештвото беше збришан од лицето на земјата и прогласен за дегенеративен. Напротив, во Италија од тоа време цветаше футуризмот, инспириран пред сѐ од руската авангарда и кубизмот. Големите модернисти во Италија, како Умберто Бочони, Џино Северини, Џакомо Бала, Карло Кара и вехементниот апологет на авангардната култура во Италија поетот Маринети беа славени како корифеи на новиот фашистички поредок и модернизатори на италијанското општество и сѐ така до крахот на италијанската фашистичка држава и потоа сѐ до трагичниот крај на Бенито Мусолини, кој беше обесен за нозе и масакриран од италијанските комунисти.
*(Колумните на Адрапо Спараи ќе бидат објавувани секој петок)
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.