Вработени во државниот и јавниот сектор ширум државата добиле негативни решенија од функционерите на власт дека не им се одобрува правото на продолжување на работен однос и истите спротивно на волјата мораат да заминат во пензија до крајот на 2018-та година.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, веќе почнала да им дели решенија за заминување во пензија, велат извори за редакцијата на Курир.
Според образложенијата, не биле планирани да останат на работа бидејќи не поднеле писмена изјава во 2017-та година, иако според вработените во тој период важеле други одредби од Законот за работни односи.
Исто така, Царовска во решенијата погрешно го применила материјалното право, повикувајќи се на укинатата одредба на Уставен суд У.бр.114/2014-1 од 29.06.2016 година (Службен весник на Република Македонија бр.134/2016), со која е укинат член 104 став 2 од Законот за работни односи во делот: Жена со навршени 65 години живот, а на мажот со навршени 67 години живот.
Правните експерти кои редакцијата на Курир ги консултирала, потврдуваат дека ова е чиста манипулација со вработените граѓани, а негативните решенија ги оквалификуваа како аматерски, нејасни, неразбирливи, контрадикторни и засновани на одредби од Законот за работните односи кои се вон сила.
Измените и дополнувањата на Законот за работни односи биле усвоени молчешкум на предлог на министерството за труд и социјална политика во јуни годинава, и тоа во екот на најголемите бранувања на политичката сцена и користење на годишни одмори од страна на администрацијата. Истите се објавени во Службен весник бр.120/2018, а на веб страната на Министерството за труд и социјална политика биле прикачени дури по 31-ви август годинава, кога веќе измина законски утврдениот рок, велат вработените.
Според нив, ова е далеку од транспарентност во работењето на Царовска која свесно ги донела во заблуда и дел од нив да го изгубат правото на продолжување како во 2018-та, така и за 2019-та година.
На манипулациите на Владата на Заев им нема крај. Дали Заев е свесен дека со непромислените чекори на Царовска, се трпат големи штети на грбот на граѓаните? Со последниов скандал загрозени се преку 1 000 семејства кои чекаат на платата од државата, се чувствуваат работноспособни, па затоа не сакаат да заминат во пензија бидејќи се презадолжени со кредити од банките кои допрва треба да ги враќаат, а пензиите стагнираат веќе долг период.
Во државата се поприсутен е феноменот на семејства во кои покрај возрасните членови, под ист покрив живеат и млади невработени кои се зависни од платите на своите родители, поради што сиромаштијата веќе метастазира во широки размери.
За сметка на тоа од ослободените места од принудното пензионирање ќе се вдомат дополнителни 1 000 партиски кадри на СДСМ, што значи целосно партизирање на администрацијата и огромно трауматизирање на државниот буџет.
На потег е Агенцијата за администарција која допрва треба да решава по обжалените решенија на вработените административци, а повикан е и Синдикатот да застане во одбрана на работниците и да покаже дека не е инструмент на власта за остварување на политички цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Роми бездомници кампуваат пред Министерство за труд, бараат од Царовска да им најде засолниште
-
Царовска молчи: Минималната плата во плико им се враќа на работодавачите, над 5000 текстилни работници ќе останат на улица