| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош

Во Германија, секој втор што зема пензија има сума што е помала од 800 евра месечно, објави Министерството за труд, според чии извештаи  најголемиот дел од пензиите се под границата од илјада евра.

– 48 отсто од пензиите се помали од 800, а 62 отсто од 1 000 евра – велат од германското Министерството за труд, како одговор на барање од пратеничката група составена од партиите од левицата.

Министерот за труд, Хубертус Хајл, (СПД) денеска треба да го презентира својот пензиски концепт чија цел е да се намали сиромаштијата кај старото население. Според овој концепт, лицата чиј вкупен месечен приход не надминува 836 евра, ќе имаат право на социјална помош.

Државното пензиско осигурување во исто време истакна дека ова не е вистинска слика за висината на пензиите во Геманија бидејќи многу корисници на минимални пензии се лица кои со години наназад како самостојни претприемачи го уплаќале најнискиот износ од пензиското осигурување, како и лица кои краток временски период уплаќале во пензискиот фонд.

Најголемиот дел се пензионери со најниски пензии, поточно 64 отсто од нив, се жени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top