| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорче Петров ќе добие нови паркинг-места

Општината Ѓорче Петров како и другите општини се соочува со проблемот од недостиг на парк простор на својата територија, затоа превзема градежни активности според предвидените проекти за изградби на нови паркиралишта кои би го ублажиле наметнатиот проблем

parking_index

На улицата „Лука Геров“ бр. 40 ќе се уреди простор со нови 18 паркинг-места. Според градоначалникот Митровски, со ова би се решил проблемот на повеќе станари, кои бараа место повеќе за своите автомобили. Во план е проширување и на автобуската станица и простор за поставување контејнери за смет, кои нема да пречат во нормалното одвивање на сообраќајот.

Просторот ќе биде поплочен со павер-елементи и ќе биде поставена урбана опрема. Општината во изминатиот период изгради уште два вакви паркинг-простора, едниот во населбата Хром, во близина на „Велурфлок“ и на улицата „4 Јули“, со вкупно 33 паркинг-места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top