Во 03,40 часот телефонски во Секторот за внатреши работи Скопје било пријавено дека на улицата „Тале Христов“ на паркинг пред зграда било опожарено патничко моторно возило „Опел Антара“ со скопски регистерски таблици, сопственост на 36-годишниот А.Р. од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.