Граѓанин на Охрид потрошил вкупно 590 денари за паркирање бидејќи системот не ги примал пораките кои ги испраќал за да се одјави од паркинг местото на кое останал околу 1 час. Тој го паркирал автомобилот и испратил СМС порака, но кога испраќал СМС за да се одјави од тоа паркинг место, системот не потврдувал дека е одјавен и продолжил да откуцува за паркинг услугата. Праќал повеќе пораки за одјавување по што од како се насобрале скоро 10 евра успеал да се одјави. Овој настан го отвора прашањето колку е сигурен системот за наплата на паркинг преку СМС.
ПЛУС 6 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈА СМС ПОРАКА
Јавноста остана не информирана дека секоја СМС порака за најава и одјава од паркинг се наплатува по 6 денари. Тоа значи дека при секое паркирање покрај за часовите поминати на паркингот, дополнителни трошоци се прават и за самото праќање СМС порака за најава ќе платите плус 6 денари и за одјава уште 6 денари или вкупно 12 денари.
извор: .ohrid1.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.