| четврток, 6 декември 2018 |

Евтина тарифа за струјата само за социјалните семејства- Европската енергетска заедница контра Заев и Анѓушев

Европската енергетска заедница ги руши популистичките најави на Заев и на Анѓушев за враќање на евтината тарифа за струјата. Таа е можна само за социјалните категории и за временски период од две години.

-Исклучоци се можни, но мораат да бидат многу оправдани, консултирани со Секретаријатот, временски ограничени и направените трошоци да бидат платени од јавниот буџет, а не од други потрошувачи на електричната енергија- посочи Јанез Копач, директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, кој пред членовите на собраниската Комисија за економски прашања додаде дека не се запознаени за таков предлог, кој што бил најавуван во изборната кампања.

Од актуелната власт најавуваат дека предлогот за враќањето на евтината тарифа не е во спротивност со европската регулатива и дека нема да претставува голем трошок за потрошувачите.

-Се работи за неколку часа кога граѓаните ќе можат да ја користат евтината тарифа. Се работи за мало проширување кое ќе биде значително олеснување за сите граѓани, а најмногу за ранливите категории- објаснува безресорниот министер Зоран Шапуриќ.

Претходно Заев и Анѓушев ветуваа дека до ќе биде воведена дневна евтина тарифа на струјата која ќе важи за сите. Регулаторната комисија за енергетика во 2012 година ја укина дневната евтина тарифа за да се намалат трошоците за увоз, по што следеше мерка за субвенционирање на семејства приматели на социјална помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top