| четврток, 6 декември 2018 |

Богац го продава џипот на Стевчо

Четири патнички и едно товарно, што беа дел од возниот парк на општина Карпош, ќе бидат дадени на продажба. Ова вчера го одлучија советниците на општина Карпош на седмата седница на Советот.
Како што информира општина Карпош, се работи за товарно возило „Volvo“ и возилата „Audi Q7“, „Sang Yong“, „Ford Fiesta“ и „Застава Југо“.

Нов џип ауди Q7, во кој се возеше претходниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на пазарот чини околу 80.000 евра. По која цена сега ќе биде понуден допрва ќе се направат проценки по што ќе се даде на лицитација.

– Средствата што ќе бидат собрани од продажбата на дел од возниот парк ќе бидат наменети за купување возило за товар на лисја и смет со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената, соопшти општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top