Според МВР вчера во Штип, медицинска сестра во ординацијата ПЗУ „Ескулапиус“ пријавила дека истиот ден околу 15,00 часот во наведената ординација, директорката Б.П.(61) од Штип по претходна меѓусебна расправија со К.Д. и нејзиниот татко С.Д. ги заклучила во ординацијата, а по 30 тина минути ги ослободила.
Од страна на СВР Штип по целосно расчистување и документирање на случајот против Б.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


