| четврток, 6 декември 2018 |

Виландер: По Вимблдон Ѓоковиќ треба да ја заврши сезоната!

Некогашниот светски рекет број еден, Матс Виландар, изјави дека најдобриот српски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, треба да направи пауза по Вимблдон за да може целосно да се подготви за почетокот на новата сезона.

Како главна причина шведскиот тенисер го посочува фактот што Ноле очекувано ново дете, па според него најдобро би било да го пропушти вториот дел од сезоната за целосно да им се посвети на семејството и на подигнувањето на својата форма.

– Новак и Јелена наскоро ќе добијат бебе, па мислам дека идеално решение е Ѓоковиќ по Вимблдон да ја заврши сезоната. Во тој период ќе треба да работи како „луд“, како тоа што го направија Надал и Федерер лани и на почетокот на идната сезона да се врати уште посилен – вели легендарниот Виландер.

Новак полека влегува во ритам на турнирите на тревната подлога, но каков ќе биде неговиот учинот на Вимблдон ќе видиме во периодот што следува. Единствениот Грен слем турнир на тревната подлога започнува, утре а ќе трае до 16 овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top