Трансфер сагата за Александре Лаказет завршува, Лион го пушта напаѓачот во Арсенал за 53 милиони евра, плус бонуси. Клубот од Лондон ќе го официјализира трансферот во следните денови, а гол-машината на „лавовите“ ќе стави потпис на петгодишен договор со „топчиите“.
26-годишниот голгетер веќе трета сезона постигнува 20 или повеќе погодоци во француското првенство, а минатата сезона застана на бројката – 28. Поранешниот најдобар играч во Франција за Лион забележа 275 настапи во сите конкуренции, и постигна 129 гола.
Поктај Лаказет, Арсенал се уште во трка за сензацијата Килијан Мбапе, но многу пореално е во своите редови да го ангажира Ријад Махрез, крилниот играч на Лестер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин