| четврток, 6 декември 2018 |

Заев одолговлекува со Законот за јазиците, Албанците се закануваат, меѓународната немоќна

Од петни жили Заев се обидува да го пролонгира донесувањето на Законот за јазиците во формата во која им ветил при формирањето на владината коалиција во првите сто дена од формирањето на владата, тврдат извори на ДУИ и од другите албански партии за „Курир“.

Целта на Заев е да го пролонгора донесувањето на законот за по локалните избори во октомври бидејќи е свесен дека ако се спроведе овој закон, тој ќе доживее катастрофа на изборите.

Жестока кавга меѓу Ахмети и Заев 

Ваквиот маневр на СДСМ предизвикал сериозни реакции во албанскиот блок. Во ДУИ процениле дека нема да можат да го издржат притисокот од Беса, но и од гласачите. Ахмети му се заканил на Заев со рушење на владата преку барање нејзина доверба или во друга форма. Тој му предочил на коалицискиот колега дека влегол во ризик со тоа што напуштил коалиција која носеше резултати, работни места, фабрики и дека тоа мора да го компензира сега. За да ја смират тензијата во преписката се вклучиле преставници на меѓународната заедница.

Интервенција од меѓународната заедница

Меѓународната заедница го балансира притисокот на двете страни. На Ахмети му било сугерирано дека од поголем интерес е да се затворат прашањата со Грција и Бугарија, за што им е потребна силна СДСМ и СДСМ која ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и со тоа ќе предизвика смена на раководството и доаѓање на ново раководство кое ќе влезе во заедничко решавање на името со СДСМ или во најмала рака ќе го одмолчи тоа. На Ахмети му било укажано дека во периодов Заев веќе има еден голем проблем за решавање и попуштање, а тоа договорот со Бугарија, важен за патот кон ЕУ, и дека двата проблеми ќе му дојдат многу за еден период.

Од друга страна, Заев требало да ја проголта приказната дека ДУИ е во слободен пад со рејтингот и дека ако не се донесе законот, ќе загуби од Беса на локалните избори, што не го посакуваат, бидејќи смета дека Беса е под делумно влијание на Турција и Ердоган. На Заев му било посочено дека на Ахмети треба да му се помогне, и дека тој ќе возврати со поддршка во вториот круг на локалните избори, особено во Скопје и Куманово.

Заев го молел Хан да ургира кај Села, Села не попушта: Закон за јазици пред локалните или излегува од владата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top