Одамна ни е познато дека претседателот на СДСМ Зоран Заев со полни плеќи го живее животот на средната класа: карневали, скапи коли, богати ручеци, вечерни забави. Но, оваа фотографија открива нова димензија на неговиот богат среднокласен живот. Премиерот од средната класа ужива и во лов.
Луксузот на Заев: скап мебел, базен во станот, луксузни автомобили
Заедно со поголемо друштво, во кое е и Марјан Даскаловски, експратеник од СДСМ во Собранието, претседател на Советот на општина Струмица, Заев позира со капитален улов. Трофејот, овојпат, е вепар.
Кланот Заеви на митинг на СДСМ со „порше“ вредно 200.000 евра
Хумано, нема што.
„Република“ ја објавува оваа фотографија , на која Заев позира со уловено животно, а на невладините и другите здруженија за заштита на животните им останува да реагираат како што реагирале секогаш во минатото. Секако, останува да се надеваме дека и овојпат нивниот суд ќе биде непристрасен и ќе нема милост кон убијците на животни како што немал досега.
ЕКСКЛУЗИВНО: Заеви купуваат багатела хациенда на плажа во Грција (видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.