Иако лекарите препорачуваат поголемо внесување на вода во организмот, односно 8 чаши дневно, вистината е дека потребата за вода варира од човек на човек, односно дека не постои бројка која се однесува на сите луѓе.
Освен тоа, човекот 20 до 30 проценти вода добива од исхраната, особено во летните денови кога се јаде сезонското овошје и зеленчук. Така на пример, краставицата, лубеницата и сличните намирници можат да го хидрираат организмот, па со тоа се намалува и потребата за пиење вода.
Мозокот со текот на времето навикнува да очекува голема количина вода, што може да ја расипе работата на бубрезите, но и спиењето поради честото мокрење.
Реалната доза која жените треба да ја испијат дневно е 1,6 литри, а за мажите 2 литри вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.