Во текот на утрешниот ден, 2 јули времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради продорот на свежа воздушна маса од север која ќе се судри со тропскиот бран кој се наоѓа над нас ќе има услови локално процесите да бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град.
Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 30 до 40 степени. Во вечерните часови особено долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер со што температурите на воздухот ќе започнат да опаѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.