Откако Општинскиот граѓански суд во Загреб изрази згрозеност на нападите на судијката Верица Николиќ, која донесе привремена мерка малиот Александар (5) една недела да живее со мајка си, а една недела со татка си, реагира тимот на Северија, односно нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ.
„Не е вистина дека Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе привремена мерка детето една недела да живее со мајка си, а една недела со татка си, туку дека таткото поминува повеќе од 200 дена годишно, време во кое мајката, со кое детето среќно живеело 5 години не смее да го гледа и може да му се јави само еднаш дневно и тоа во 20 часот.
Поради овој скандал Република Хрватска ќе биде санкционирана пред Одборот на ОН за правата на децата.
Не е вистина дека медиумскиот простор бил искористен за да се обезвредни и да се омаловажи работата на судијката Верица Никиќ, туку за јавноста да се запознае со одлуката на судијката, која веќе еднаш во еден предмет му забрани на синот на АСеверина да оди во градинка, а на барање на таткото, поради што детето беше одделено од двоите врсници цели пет месеци. Таа одлука ја преиначи Жупанискиот суд.
Бидејќи оваа привремена мерка е повторно донесена на барање на таткото, може да се заклучу дека овде во најмала рака се работи за пристрасност и за незаконско постапување на судијката, за што постои оправдан интерес на јавноста.
Со оглед на тоа дека привремената мера на скандалозен начин ги нарушува правата на мајката и детето, инсинуациите за влијанието на мајката врз работата на второстепениот суд во најмала рака се премримерни.
И за крај, Северина никогаш не се колебала дека детето треба да има и татко и мајка, Токму затоа Северина и му се јавуваше на таткото да доаѓа да го гледа синот во подолг период од неговиот живот кога тој тоа не го сакаше.“
Целото писмо на менаџерот на Северина прочитајте го ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!